Канческа-Милевска работно ќе го прошета Свети Николе
Министерката за култура Елизабета Канческа-Милевска денеска работно ќе го прошета Свети Николе.
Предвидено е Канческа-Милевска да оствари средба со градоначалникот Зоран Тасев на која ќе присуствуваат и директорите на културните институции ќе се разговара за унапредувањето и развојот на културата во овој град.
Министерката ќе го посети и Народниот Музеј во Свети Николе каде се изложени дел од предметите пронајдени на археолошкиот локалитет Била Зора.
06.12.2013 - 09:21
Фото:
Денешен
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа