Девет годишниот Горазд од Скопје ги освојува балканските шампионати во картинг

 

Горазд Ристески од Скопје има само 9 години, но успеа да го освои вицешампионското место на последното балканско првенство во картинг. Натпреварот се одржа на крајот од октомври во Ќустендил, а малиот Горазд Ристески на врсниците од целиот регион им покажа како треба да се управува зад воланот. Тој е најмалиот картинг возач од Македонија кој се натпреварува, а љубовта кон воланот ја има од најмали години.

- Многу сакам да возам и многу е убаво кога сум во картинг. Сакам да се натпреварувам и среќен сум кога ќе стигнам меѓу првите на целта, вели Горазд.

Со тренинзи почнал минатата година во Волково, а добри резултати покажал уште на првото балканско првенство. Тој годинава се натпреварувал во категоријата MINI BG, а љубовта за картинг му ја пренел неговиот татко.

- Кога имаше 6 години купивме формула со два мотори и Горазд беше пресреќен. Многу ни помогна и Игор Апостоловски кој долги години се бави со ова и ни овозможи Гораст да проба картинг. Откако седна знаевме дека нема да се откаже, вели таткото на Горазд, Горан Ристески.

Горазд е редовен учесник на регионалните натпревари во соседството, а веќе ги почнал подготовките за следната сезона која треба да стартува во март. По големиот успех годинава, следна цел е злато.

10.12.2022 - 17:14

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега