Статистика: Минатиот месец цените на угостителските услуги намалени за два отсто

 

Државниот завод за статистика денеска објави дека цените на угостителските услуги во текот на минатиот месец се намалени за два отсто во споредба со месец октомври. Исто така, во споредба со истиот период минатата година, цените на угостителските услуги се намалени за 0,1 процент, додека за периодот јануари-ноември кумулативниот индекс на цените на угостителските услуги е зголемен за 1,2 проценти. 

Според податоците, намалување од девет проценти има кај ноќевањата, а зголемување за 0,1 процент кај храната и за 0,5 проценти кај безалкохолните пријалоци.

05.12.2013 - 15:27
Фото: 
Нетпрес

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега