Во октомври издадени помалку одобренија за градење
Во текот на месец октомври годинава се издадени 147 одобренија за градење што е за 43 проценти помалку во однос на октомври лани. Според податоците кои денеска ги објави Државниот завод за статистика, предвидената вредност на објектите изнесува 2.552.689.000 денари што е за 18,7 проценти помалку во однос на октомври лани, а од вкупниот број издадени одобренија за градење, 100 (68 проценти) се наменети за објекти од високоградба, 25 (17 проценти) за нискоградба и 22 (15 проценти) за објекти за реконструкција.
Во извештајниот период е предвидена изградба на 347 станови со вкупна корисна површина од 27.990 метри квадратни.
Во споредба со вториот квартал годинава, трошоците во градежништвото за нови објекти за индивидуално домување се пониски за 0,5 проценти,за материјали се пониски за 0,9 проценти, а трошоците за вработените се повисоки за 0,7 проценти. Во третиот квартал годинава, во однос на истиот квартал лани, трошоците во градежништвото за нови објекти за индивидуално домување се повисоки за 1,8 проценти, за материјали се пониски за 3,2 проценти, а трошоците за вработените се повисоки за 19,4 проценти.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа