Македонската царина вработува цариници - плата 30.000 денари
Врз основа на член 7 и член 52 став 1 и 2 од Законот за Царинска управа, Царинската управа на Република Македонија, објавува
ЈАВЕН ОГЛАС БРОЈ 03/2013
1. За вработување на 3 (три) извршители како царински службеници на неопределено време за следните слободни работни места:
- 1 (еден) извршител за работно место виш цариник во царинарница Скопје при Царинска управа на Република Македонија.
- 2 (два) извршители за работно место виш цариник во царинарница Гевгелија при Царинска управа на Република Македонија.
2. Кандидатите треба да ги исполнуваат следниве услови: завршен економски, правен, машински, електротехнички, технолошки факултет и факултет со царинско шпедитерска насока, познавање на компјутерско работење и познавање на англиски јазик, без работно искуство.
3. Краток опис на работно место: врши прием и контрола на царинско-стокова; врши царински преглед на стоката; врши пресметка на царински и други давачки; изготвува записник за царински прекршок, барање за поведување на прекршочна постапка и спроведува мандатна постапка со издавање на покана за плаќање глоба или платен налог.
4. Работниот однос се заснова со полно работно време, со неделно работно време од 40 часа ( 5 пет работни дена во неделата). Дневното работно време трае 8 часа и започнува во 8,30 часот а завршува во 16,30 часот. Основната плата изнесува 29.857,00 денари.
5. Изборот ќе се изврши во рок од 45, 90 или 120 дена во зависност од бројот на пристигнати апликации, а по истекот на рокот за пријавување.
6. Заинтересираните кандидати се должни да достават ПРИЈАВА ЗА ВРАБОТУВАЊЕ НА ЦАРИНСКИ СЛУЖБЕНИК на изготвен образец во писмена форма која може да се подигне од архива на Царинската управа или во електронска форма преку интернет страницата на Царинската управа (www.customs.gov.mk). Пријавата се пополнува во целост со точни податоци, кон неа се приложуваат следните документи во фото копија: диплома или уверение за завршено образование со покажан успех во образованието, ако дипломата или уверението е стекната на образовна институција во странство кандидатот е должен да достави и одлука за нострификација, уверение за државјанство, доказ за познавање на англиски јазик, доказ за познавање на компјутерско работење. Царинската управа нема обврска за враќање на приложените документи бидејќи истите се во фотокопија.
7. Кандидатите можат да достават и документи кои не се задолжителни во однос на објавените услови за работните места како што се други стручни оспособувања и усовршувања (уверенија, пофалници, cертификати).
8. Рокот за доставување на пријавите изнесува 7 дена, не сметајќи го денот на самото објавување.
9. Ненавремената, некомплетно пополнета пријава и пријава која не ги содржи бараните докази нема да биде предмет на разгледување од страна на Комисијата за селекција и избор на Царинската управа.
Адреса за достава на пријави:
По спроведувањето на првична селекција, ќе се изврши тестирање и интервју за што кандидатите ќе бидат повикани во Царинската управа. Избраните кандидати се вработуваат на пробна работа.
ЗАБЕЛЕШКА: Огласот е објавен на ден 03.12.2013 година (вторник) и согласно точка 8 од објавата во весниците Нова Македонија и Коха, пријавите можат да се доставуваат од 04.12.2013 година до заклучно со 10.12.2013 година (вторник).
05.12.2013 - 11:16
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа