Македонско-унгарски бизнис форум
Во Скопје денеска ќе се одржи Македонско-унгарски бизнис форум на кој се очекува да се обратат премиeрите на двете земји Никола Груевски и Виктор Орбан.
Освен двајцата премиери, пред претставниците на македонските и унгарските компании ќе се обрати и директорот на Агенцијата за странски инвестиции и промоција на извозот Висар Фидан и потпретседателот на Унгарската агенција за странски инвестиции Петар Билек.
На форумот кој е резултат на потпишаниот договор меѓу Агенцијата за странски инвестиции на Македонија и Агенцијата за странски инвестиции ХИТА од Унгарија, ќе учествуваат претставници на околу 30 компании од Унгарија.
Македонија и Унгарија оваа година, во услови на криза, за првите девет месеци имаат зголемување на трговската размена која изнесува некаде околу половина милион долари.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа