Иванов: Статус-кво состојбата на Македонија е фрустрирачка

 

Блокадата на Македонија предолго трае, а статус-кво состојбата е фрустрирачка, рекол македонскиот претседател Ѓорѓе Иванов на вчерашната неформална средба со претседателот на ЕВропската комисија Жозе Мануел Баросо во Виена.

Според Иванов, стартот на преговорите позитивно ќе влијае на реформските процеси и општата состојба во регионот, пренесува МИА.

- Никој буквално не губи ништо доколку Македонија ги почне преговорите, напротив, користа е повеќестрана, истакнал Иванов, нагласувајќи ја можноста за паралелно движење на интеграцијата и надминувањето на билатералните разлики како модел што може да се искористи.

Иванов  го информирал својот соговорник и за процесот што се води во ОН за надминување на разликата околу името.

Баросо пак, ја потврдил заложбата на ЕК за продолжување на политиката на проширување со земјите од Западен Балкан. Станало збор и за состојбите во регионот.

Претседателот Иванов вчера, веднаш по отворањето на состанокот на Центарот за глобален дијалог и соработка, прв се обрати пред учесниците, а завчера, во рамки на работната посета на Виена, се сретна со австрискиот колега Хајнц Фишер.

05.12.2013 - 08:18

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега