Сарачини: Засилени контроли во ископувањето минерални суровини за сузбивање на нелојалната конкуренција

 

Министерот за економија Ваљон Сарачини денеска во рамки на проектот „Отворено со бизнисот“ најави зајакнати контроли во ископувањето минерални суровини со вклучување на повеќе инспекторати, со цел сузбивање на нелојалната конкуренција.

Министерот Сарачини, излегувајќи во пресрет на барањата на концесионерите,  најави засилени контроли во овој сектор, во кои покрај инспектори од Државниот инспекторат за техничка инспекција ќе земат учество и останатите инспекциски служби во државата, вклучувајќи ја и трудовата инспекција и УЈП и потсети дека до 10 декември е крајниот рок за уплаќање на концесискиот надоместок.

- За оние што нема да платат во рокот, веќе од следниот ден, од 11 декември, ќе започнеме постапка на одземање на доделените концесии. Законот за минерални суровини е работен заедно со концесионерите, па мора и да се почитува од сите. Тоа е во интерес и на државата, а и на општините каде се наоѓаат доделените концесии, така што ќе бидеме доследни во неговото спроведување и максимално почитување, истакнал министерот Сарачини.   

03.12.2013 - 14:57

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега