Донесени измените на Законот за работни односи
Во рамки на 77. седница пратениците денеска ги донесоа измените на Законот за работни односи.
Опозицијата не ги поддржа измените затоа што смета дека тие се на штета на работниците и претставуваат кратење на нивните права: - Измената треба да се повлече затоа што ваквото законско решение не е во корист на работниците. Измената на законот е во интерес на работодавачите, рече Цветанка Иванова, додавајќи дека во изминатиот период постојано се кратат работничките права.
Од друга страна, Илија Димовски од ВМРО-ДПМНЕ истакна дека не е точно дека се кратат работничките права, а како пример за тоа ги спомена воведувањето на минималната плата и низа други законски решенија.
Заменик министерот за труд и социјална политика Ибрахим Ибрахими истакна дека решението што се предлага е разгледано на Економско-социјалниот совет во кој членуваат и работодавачите и синдикатите. - Најдовме решение кое беше прифатено од двете страни, нагласи Ибрахими.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа