Лицата со телесен инвалидитет ќе добијат ортопедско помагало без партиципација

 

Бесплатно ортопедско помагало од Центарот за ортотика и протетика „Славеј“ месецов, ќе можат да си набават членовите од Националниот сојуз на лица со телесен инвалидитет - Мобилност Македонија.

Акцијата се одвива под покровителство на Центарот „Славеј“, по повод 3 декември - Светскиот ден на лицата со инвалидност. 

Лицата со телесен инвалидитет ќе немаат потреба да плаќаат партиципација но потребно е да достават потврда за ортопедско помагало заверена во месец декември и членска книшка од Националниот сојуз на лица со телесен инвалидитет.

02.12.2013 - 11:05
Фото: 
емагазин

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега