Издржете го дождот уште овие два дена - од среда сонце

Времето во Македонија ќе биде претежно облачно со повремен дожд, а на планините снег. Ќе дува умерен северен ветер. Утринската температура ќе се движи од нула до пет, а дневната од еден до седум степени.

Во Скопје и околината слично време, претежно облачно со повремен дожд и со умерен северен ветер. Утринската температура ќе се спушти до три, а дневната ќе се искачи до четири степени.

Утре ќе се задржи променливо облачно време со повремени врнежи од дожд, а на планините врнежите ќе бидат од снег.

Од среда времето ќе биде сончево и повторно со негативни утрински температури. 

02.12.2013 - 08:09

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега