Нов инцидент во СДСМ: Прекината седницата на Централниот одбор на социјалдемократската младина

 

Вечерашното заседание на Централен Одбор на младината на СДСМ е прекинато од како дошло до поголеми недоразбирања помеѓу актуелниот претседател на партиската младина Стефан Богоев, и струмичкиот член и кативист Фидан Колев, дознава Охрид 1 од извори во СДСМ во Скопје.

-Според нашите извори струмичанецот Фидан Колев бил близок до лидерот Зоран Заев, а неговите амбиции биле со поддршка на партискиот лидер да застане на чело на партиската младина. Планот Колев да стане лидер на младианта пропаднале пред три седмици кога на надемократски и фер избори внатре во партијата бил поразен со 26 напрема 11 гласови од скопјанецот Стефан Богоев, пишува порталот.

Според извори на Охрид 1 , на вечерашното прекинато заседание на Централиот Одбор требело да се избираат членови на Извршниот одбор, но заради настанатите тензии помеѓу Фидан Колев и останатите дошло до прекин на заседанието и Централниот одбор на младите ќе продолжи да работи без да биде извран Извршниот одбор.

Инаку судирот помеѓу Колев и Богоев траел уште пред изборот на Богоев за лидер на младината, а завршил со победа на т.н. крило ”Скопска шема”, наспроти струмичките лобисти на Заев, пишува Охрид1.

Инцидент имаше и на вчерашната трибина на СДСМ во Охрид, откако еден човек беше спречен да му постави прашање на лидерот а на новинарите не им беше дозволено снимање.

 

 

01.12.2013 - 22:37

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега