Перински: Самата градоначалничка Арсовска е разочарана од Данела
„Мене ми е најмногу жал што граѓаните на Скопје се навистина најразочарани не од моето работење, не од нечие туѓо работење, туку од работењето на градоначалничката Данела Арсовска. А она што уште повеќе ми е жал е дека самата градоначалничка Арсовска, е разочарана од Данела“. Ова го потенцираше поранешниот директор на Водовод, Златко Перински во вестите на Канал 5.
Во гостување во вестите на Канал 5 телевизија, пак, градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска посочи дека секој кој нема да испорача соодветни резултати треба да понесе одговорност и дека нема да дозволи политичко влијание во Градот Скопје.
– Верувам дека сите граѓани знаат дека јас политичар не сум и во интерес ми е да се реализираат проектите кои се ветени во програмата, во интерес на сите граѓани. Доколку резултатите не се на задоволително ниво нормално е дека ќе има реакции и дека ќе има одговорност и ќе се понесе одговорност. Во конкретниот случај имавме конкретна работа за која имаше индиции дека се случува влијание во постапка на еден милионски тендер односно јавна набавка за кој имавме реакција во јавноста вчера, кажа Арсовска.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа