Водата во Скопје безбедна и квалитетна за пиење
Водата во Скопје е безбедна и квалитетна за пиење, покажува неделниот извештај на Јавното претпријатие „Водовод и канализација“ – Скопје.
-Секторот за санитарна контрола во периодот од 29.08.2022 до 02.09.2022 зема 201 примероци за физичко-хемиска и 201 примероци за микробиолошка анализа на вода за пиење од 41 мерни места во Градот Скопје. Согласно добиените резултати од испитувањата, сите примероци одговараат на Правилникот за барања за безбедност и квалитет на водата за пиење, информираат од ЈП Водовод и канализација – Скопје.
Нелниот извештај за квалитетот и безбедноста на водата за пиење, добиен од анализите спроведени во Секторот за санитарна контрола, кој е всушност прва лабораторија во државата која го акредитира своето работење според стандардот ИСО17025:2018.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа