Договорени дополнителни дозволи за превоз на стока за 2014 со Италија
Македонско-италијанската мешовита комисија за меѓународен превоз на патници и стока во патниот сообраќај потпиша протокол со кој е договорено за 2013 година да се размени дополнителен контингент од 50 поединечни транспортни дозволи за превоз на стока за возила со ЕУРО 5 стандард.
На состанокот на македонско-италијанската мешовита комисија за меѓународен превоз на патници и стока помеѓу Република Македонија и Република Италија која се одржа на 26 и 27 ноември во Скопје, договорена е прелиминарната квота на дозволи за превоз на стока за 2014 година и тоа: 950 билатерални обични дозволи за сите категории за возила, 2.000 билатерални дозволи за возила со ЕУРО 3 стандард, 1.900 билатерални дозволи за возила со ЕУРО 5 стандард и 400 билатерални дозволи валидни за комбинирано влечење.
Договорената квота за следната година е за 550 дозволи повеќе од досегашната квота на дозволи која се разменуваше помеѓу Македонија и Италија и со истата ќе се задоволат потребите на македонските превозници за превоз на стока кон Италија.
Министерството за транспорт и врски континуирано одржува состаноци на мешовитите комисии за превоз во меѓународниот патен сообраќај за дополнување на квотите на транспортни дозволи и либерализирање на превозот со земјите со кои остваруваме економска размена со цел овозможување на непречен транспорт за македонските транспортери.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа