ФОТО: Џафери се сретна со командантот на СЕЕБРИГ

 

Министерот за одбрана, Талат Џафери, денеска во Генералштабот на АРМ оствари средба со командантот на Бригадата на Југоисточна Европа, Хакан Есер. 

Како што денеска соопшти МО, бригадниот генерал Есер, ја предводи делегацијата од СЕЕБРИГ која од 27-ми до 30-ти ноември ќе изврши евалуација на македонските единици декларирани во оваа бригада. Предвидено е делегацијата денеска да изврши евалуациска посета и на декларираниот инженериски вод од составот на инженерискиот баталјон во касарната Илинден во Скопје.

Според Договорот за формирање на бригадата, локацијата на Командата на СЕЕБРИГ е на четиригодишна ротациона основа, а нејзини домаќини се следниве градови: Пловдив, Констанца, Истанбул (до јуни 2011) и Лариса од јуни 2011-2015. Единиците кои се назначени во Бригадата остануваат на своите постојани домашни базични локации и се обврзани со принципот на наменски сили за вежби и операции по одлука на земјите учеснички и соодветната директива од Политичко-воениот управен комитет (ПВУК). Позицијата Командант на СЕЕБРИГ ротира помеѓу земјите учеснички на двегодишен период. Во период од 2011 – 2013 година Командант на Бригадата беше бригадниот генерал Здравко Поповски од Република Македонија. Според оценките од последната контрола извршена во април 2012, кај декларираните сили од Македонија не постојат никакви недостатоци и тие се подготвени за упатување во мисија.

29.11.2013 - 12:10

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега