Субрата Рој стави крај на спорот со СЕБИ

 

Индискиот гигант Субрата Рој за индиските медиуми изјави дека ќе предадат тапии од друго земјиште вредно адекватно на барањата на СЕБИ, 40 милијарди евра. Сахара Групација одлучи да го реши спорот по брза постапка со предавање на нови тапии од земјиште вредно 40 милијарди евра.

Како што пишуваат индиските медиуми, последниве месеци се правеле искрени напори за да се реши спорот помеѓу Сахара Груп и СЕБИ.

- Во последниве неколку месеци правиме искрени напори да се усогласиме со наредбите од Врховниот суд кои се однесуваат на тековната судска постапка со СЕБИ и ги убедуваме нашите депоненти, деловни соработници, клиенти и потрошувачи дека набрзо успешно ќе го надминеме овој предизвик, велат од Сахара Групацијата до информација испратена до индиските медиуми.

За потсетување, Врховниот суд од Сахара Групација побара во рок од три недели да предаде тапии од земјиште вредно 40 милијарди евра, во спротивно ќе изрече забрана за првиот човек на Групацијата да ја напушти земјата. 

29.11.2013 - 11:22
Фото: 
Денешен

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега