Изгубените лични документи ќе се објавуваат за неважечки во МВР и ФЗОМ

Македонските граѓани од почетокот на наредната година ќе можат изгубените лични карти, возачки и сообраќајни дозволи, пасоши и здравствени карички да ги објавуваат за неважечки во МВР односно подрачните единици на ФЗОМ. За ова денеска информираше Тони Трајанов, директор на Службениот весник на Република Македонија, во интервју за МИА.

- На наша иницијатива една и пол година со МВР работиме на дополнителна можност за олеснување на објавата на изгубени документи, односно на личната карта, пасошот, возачката и сообраќајната дозвола. Сакаме да го промениме целиот пат на објава на документите, така што, граѓаните ќе можат да го пријават губењето на документот на шалтерите на МВР кое ги издава овие документи. Таму во истиот момент на граѓанинот ќе му биде дадено бројчето на изгубениот документ и ќе пополни документ за да може да се изврши објавата. Оттаму по електронски пат ќе го пратат до нас за да го објавиме во службеното гласило. Тоа е уште поголемо скратување на процедурата и олеснување за сите граѓани, особено за оние кои живеат надвор од Скопје, вели во интервју за МИА Тони Трајанов.

Проектот треба да заврши најверојатно до крајот на годинава: - Истата таа процедура ќе биде направена и со Фондот за здравствено осигурување бидејќи увидовме дека за многу кус период беа изгубени голем број здравствени картички, од кои статистички најголем дел припаѓаат на постари лица односно пензионери. За да ја скратиме процедурата и тие повозрасни лица да не се мачат и да доаѓаат на нашите шалтери ќе можат тоа да го направат во подрачните единици на Фондот за здравство на целата територија на РМ каде ќе биде извршена објавата и доставена до Службен весник, истакнува Трајанов.

 

Тој во интервјуто говори и за статистичките податоци за изгубени лични документи.

- Статистичките податоци покажуваат дека најмногу се губат лични карти. Само од почетокот на годинава досега се изгубени 15.735 лични карти, односно се извршени толку објави во Службениот весник. За истиот период се изгубени 2.377 пасоши, 1.838 дипломи, околу 2.000 здравствени легитимации, 5.000 возачки дозволи и 3.028 сообраќајни. За само еден месец во октомври се изгубени и објавени 509 картички со тенденција на зголемување на бројот. Податоците покажуваат дека како неважечки годишно се објавуваат околу 30 илјади возачки и сообраќајни дозволи, лични карти и пасоши, истакнува директорот на Службен весник.

 

29.11.2013 - 10:26
Фото: 
Ерепортер

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега