Магла на Плетвар - внимавајте при возењето

Доколку седнувате во автомобил внимавајте поради маглата и можните подмрзнувања на патиштата. На патот Нов Дојран - Стар Дојран се уште важи забраната за сообраќај, но секој момент се очекува да биде укината по отстранувањето на тешкото товарно возило што се преврте синоќа.

На сите магистрални и регионални патни правци се одвива по на места влажни  коловози, без забрани и застои, а на Плетвар има магла со видливост од 50 до 100 метри. Во клисурите и усеците можна е појава на помали одрони, особено на патните правци: Кочани - Делчево, Виница - Берово, Маврово - Дебар - Струга, Демир Капија - Удово и Катланово - Велес.

 

29.11.2013 - 09:42

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега