Нови детали од Србија: Автомобилот со четири момчиња удрил во дрво, па излетал во река (ФОТО)
Тешка сообраќајка се случи кај Чачак во која настрадаа четири млади момчиња на возраст од 18 и 19 години.
Четири лица загинаа кога автомобил „Сузуки витара“ најпрво удрил во дрво, по што излетал во корито на реката Каменица.
„Најверојатно возачот поради неприлагодена брзина, изгубил контрола и удрил во дрво, по што автомобилот излетал од мостот“, открива полицијата.
26.06.2022 - 13:21
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа