Седница на Комисијата за финансирање и буџет
Во македонското Собрание денеска седница ќе одржи Комисијата за финансирање и буџет.
Членовите на Комисијата ќе расправаат за Предлог законот за задолжување на АД МЕПСО со заем кај Европската банка за обнова и развој по Договорот за заем по проектот „Ревитализација и модернизација на преносната мрежа и управување со електроенергетскиот систем“ без државна гаранција, Предлог законот за изменување на Законот за придонеси од задолжително социјално осигурување и Предлог законот за изменување на Законот за платниот промет, сите по скратена постапка.
28.11.2013 - 08:38
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа