ВИДЕО: Македонското и српското МВР во "Константно гонење" на крадци

 

Полициски службеници од различни сектори при македонското и српското Министерство за внатрешни работи, последниве неколку дена, на територија на Македонија и Србија реализираа заеднички вежбовни активности "Константно гонење"-

Оваа заедничка активност на македонската и српската полиција беше во согласност со Конвенцијата за полициска соработка во југоисточна Европа. Нејзина цел беше координирањето на оперативните активности на полициските служби на македонското и српското МВР при бегство на извршители на кривични дела од едната на другата територија.

Двете полициските служби во оваа вежба "гонеа" крадци кои извршиле грабеж на територија на Македонија. 

најчитано сега