Криеле марихуана во пластични шишиња - спречен обид за изнесување дрога од Македонија

 

Царината вчера спречи два обиди за нелегално изнесување на марихуана од државата. 

Првиот обид бил откриен во 13 часот и 30 часот на Меџитлија, кога двајца патници, македонски државјани, од кои едниот со американско државјанство, се обиделе да пренесат марихуана.

- Лицата се обидоа на ГП Меџитлија да пренесат околу 30 килограми марихуана, сокриена во покривот на патничкото моторно возило. Цариниците се посомневале и извршија детален преглед и го открија случајот, изјави Каргов за МИА.

Во вториот случај на Табановце, специјалните мобилни единици на Царинската управа откриле случај за пренесување марихуана кон Србија. Дрогата, вредна околу 10 илјади евра, била сокриена во пластични шишиња во резервоарот на моторното возило. Каргов информира дека двајцата полски државјани се задржани и се врши предистражна постапка.  

- Од почетокот на годината досега имаме откриено околу 30 обиди за шверц на дрога, поединечно или заедно со МВР, или повеќе од 800 килограми само во делот на Царинската управа, рече Каргов. 

27.11.2013 - 11:49

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега