Тепачка за мртовци во Штип! - еве што се случувало
Вистинска војна се одвивала пред два дена во Штип и тоа верувале или не за мртовци! Како што пренесува Утрински весник, тепачката се случила меѓу две лиценцирани компании за погребни услуги, едната од Битола, другата од Струмица, кои прво започнале вербална расправија, а потоа и се степале околу тоа кој да превезе починат човек.
- „И двете фирми кои вршат транспорт на починати си имаат свои луѓе во болницата кои за извесен процент им јавуваат кога некој пациент ќе почине. Неретко од болницата кон двете компании протекуваат информации и за пациенти што не се починати, односно се борат за живот, но ’информаторите‘ стручно заклучиле дека им се ближи крајот. А и луѓе од овие фирми често можат да се видат во кругот на болницата“, вели медицинска сестра, која сакаше да остане анонимна, за Утрински.
Актерите на драмата веднаш биле однесени во полиција.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа