МТV и Durex во кампања за секс- едукација

 

Durex во партнерство со MTV,  направија кампања под името „Someone Like Me“, која има за цел да помогне во сексуалната едукација.

Кампањата треба да ја подигне свеста за проширеноста и опасноста од ХИВ на глобало ниво, бидејќи тоа може секому да му се случи .

Компаниите направиле и интернет страница која ќе ја популаризира оваа кампања. Ова ќе е  место каде младите ќе можат да се изразат, да зборуваат за своите проблеми, да ги споделуваат своите искуства и да си ги одговараат взаемно прашањата. Тоа што тие сакаат да го поттикнат се искрени, инспиративни и забавни разговори меѓу врсниците.

 

Беше направен и документарец My Sex Life and Everyone Else’s“ кој беше емитуван на МТВ, а во пресрет на Светскиот ден за борба против сидата кој се обележува на 1ви декември ќе се поделат и 10 милиони бесплатни кондоми низ светот.

27.11.2013 - 11:22

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега