Ограбил отпад во Маџари - крадец направил штета од 800.000 денари

 
Стотици тони кабел, цинк, калај и голем број електрични алатки украло засега непознато лице од отпад во скопската населба Маџари.
 
Според податоците на полицијата, крадецот викендов влегол во  отпадот „Метал Суровина“ на улицата Благоја Стефковски и оттаму земал 600 килограми кабел, алтернатори, алансери, трансформатори, монометри и пиштоли за оксиген, брусалка, хилта, околу 100 килограми калај и околу 800 килограми цинк.
 
Така, крадецот направил штета од 800.000 денари.
27.11.2013 - 11:14

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега