Шиповиќ тврдел дека е невин пред истражниот судија
Истражен судија синоќа го посети Мирослав Шиповиќ во затворот во Шутка, по неколку денови откако тој беше екстрадиран во Македонија.
За време на средбата со истражниот судија, Шиповиќ тврдел дека не е виновен и ги отфрлил обвинувањата за криминал тежок милион евра во Машинопромет.
Претседателот на советот на општина Центар беше во екстрадиционен притвор од 15-ти октомври кога беше уапсен на аеродромот во Виена, а пред шест дена беше екстрадиран во Македонија. Тој е првоосомничен во акцијата "Претседавач".
27.11.2013 - 10:53
Фото:
Плусинфо
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа