Иван Исцелителот: НАСА се има консултирано со мене!

 

Иван Исцелителот во интервју за Он.нет, ја раскажа својата приказна. Тој говореше за кариерата и неговиот живот.

- Кај мене луѓе доаѓаат од целиот свет. Еден ќе се излечи па ќе кажува на друг од една уста до милион  уши, добриот глас надалеку се шири. Најдалечен пациент ми бил од „Greenland”, Еским кој од Американците што биле на екскурзија слушнал и изразил желба и со нив дошол да ме посети, вели Иван.

Иван раскажува и за својата книга која ја напишал уште во 1989 година, а го искажува и својот став дека луѓето не треба да пијат лекови, а зборува и за вонземјаните и Бог.

- НЛО ванземаљци е измислена работа. БОГ вели само на Земјата има живот никаде на друго место. Заинтересираност за мојата работа и резултати имало од сите земји и од голем број на разни профили на научници од целиот свет. НАСА се има консултирано со мене во неколку наврати и тоа по повеќе прашања за мои мислења од божји аспект.Дали ќе удри метеор во земјата или комета...она со Маите со крајот на светот или дали електро-магнетните влијанија од Сонцето, што има бури на Сонцето активност, како ќе влијаат на луѓето и други прашања од божја гледна точка, додава Иван Исцелителот.

26.11.2013 - 11:05
Фото: 
Дневник

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега