Половина Влада неделава во посета на Брисел
Речиси половина од составот на Владата неделава ќе престојува во работна посета на Брисел.
Како што јавува МИА, министерот за надворешни работи Никола Попоски, во среда во Европскиот парламент ќе треба да се обрати пред Комисијата за надворешни работи за македонската состојба во евроинтеграциите, и ќе оствари неколку средби, а меѓу нив и средба со Ричард Ховит. Истиот ден, во Брисел ќе се одржи голем бизнис-форум меѓу Македонија и Белгија, на кој нашата земја ќе ја претставуваат заменик-претседателот на Владата и министер за финансии, Зоран Ставрески, министрите за привлекување странски инвестиции Веле Самак и Бил Павлески, како и министерот без ресор Хади Незир.
Заедно со владината делегација на форумот ќе присуствува и директорот на Агенцијата за привлекување на странски инвестиции Висар Фида.
Во четврток, вицепремиерот Ставревски, заедно со министерот Павлески и директорот на „Инвест Македонија”, Фида, ќе имаат и средба со делегацијата на белгиската компанија „Унивег”, потоа средба со министерот за економија на Кралството Белгија, Јохан Ваделоте и на крајот вечера со градоначалникот на бриселската општина Сен Жост, Емир Кир и бизнис-форум со турската бизнис-заедница во Белгија.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа