Кулеба: Ќе вршам притисок за шести пакет санкции кон Русија
Украинскиот министер за надворешни работи, Дмитро Кулеба кажа дека ја почнал неговата посета на Брисел, а причина за тоа е да врши притисок за шести пакет санкции.
Европската унија планира да воведе шести пакет санкции против Русија, меѓу кои и ембарго на нафтата.
„Ќе се фокусирам на дополнително снабдување со оружје и доделување на Украина статус кандидат за ЕУ. Ние веруваме дека Украина заслужува индивидуална проценка заснована на заслуги“, кажа Кулеба.
16.05.2022 - 14:08
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа