Џафери се сретна со генералот Фарина: Македонија ќе продолжи да помага на НАТО Алијансата
Министерот за одбрана Талат Џафери денеска се сретна со командантот на КФОР, генерал-мајор Салваторе Фарина.
На средбата биле разменети мислења околу соработката на КФОР со Република Македонија, како земја која обезбедува постојана логистичка поддршка за НАТО-предводената операција на Косово, за моменталните и идните активности на КФОР, како и за тековната ситуација на северот од Косово. На средбата министерот Џафери на средбата посочил дека Република Македонија и Армијата на Република Македонија ќе продолжат да бидат партнер на Алијансата во сите нејзини напори за одржување на светскиот и регионалниот мир и просперитет, како предуслов за економска благосостојба.
Од своја страна, генералот Фарина изразил благодарност за логистичката поддршка на Република Македонија за силите на КФОР.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа