Неколку улици во Центар утре без вода

Поради уличен дефект на Ф80 милиметри на улица „Тетовска“ број 8, утре со прекинато водоснабдување ќе бидат корисниците на оваа и на улицата „Стив Наумов“.

Исто така вода ќе нема и во објектите на Собраќајната полиција и Поликлиниката МВР во Центар, информираат од ЈП „Водовод и канализација”.

– Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 08:30 часот и ќе трае до отсранување на дефектот, велат од градски водовод.

16.05.2022 - 13:01

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега