„Ќе ја кренам зградата во воздух“ - разбеснет маж приреди целовечерен хорор на Илинденска во Скопје

 

Драма ги потресе жителите на станбена зграда на улицата Илинденска во Скопје.

Според првичните информации кои ги пренесува Сител, драмата започнала кога жител на зградата, лоцирана во непосредна близина на фонтаната во Градскиот парк, фрлил телевизор од прозорецот на станот. Неофицијално, објавува телевизијата, скопјанецот ја претепал сопругата и го повредил својот син и се заканувал дека ќе ја крене целата зграда во воздух со плинските боци што ги имал во станот. РАзбеснетиот скопјанец цела ноќ одбивал да се предаде, па на терен дежурале противпожарно возило, брза помош и полициска екипа.

Драмата завршила пред малку, кога полицијата го привела лутиот скопјанец. 

Сеуште не се познати причини за инцидентот.

Извор: Сител

25.11.2013 - 08:12

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега