ФОТО: Се заљубила и избегала од дома - сте ја виделе ли некаде 14 годишната Маја?
Две недели нема ни трага ни глас од 14 годишната Маја, која се заљубила и избегала од дома, објавува Канал 5.
Нејзините родители трагаат по нивната ќерка веќе 12 дена, откако минатиот вторник избегала од дома и не се вратила. Тие велат дека голготата започнала пред 3 недели, кога Маја преку Фејсбук запознала некое момче од Скопје, по националност Албанец. Маја се вљубила и избегала од дома, но се вратила само неколку дена откако родителите пријавиле во полиција.
Кратко потоа, минатиот вторник, Маја уште еднаш избегала од дома и оттогаш и се губи трага.
-Ги замолувам сите институции полиција, влада, луѓето кои ме знаат и не ме знаат, медиумите, сторителот на делото ако сака да ја каже вистината и да го најдам девојчето. Оти јас имам едно девојче и тоа ми е се. Или девојчето да ми се јави дали е жива, вели таткото на исчезнатата Маја, Ристо Блажески за Канал 5.
- Овде како што седевме ме заклучи мене и отиде кај колата се обиде да ја запали, но не палеше колата. Ме виде мене дека излегувам и избега само чекорите два и ги видов. Отидов надолу да ја барам, но трага не најдов, вели мајката Марица за Канал 5.
Маја имала намера да избега заедно со своето момче, но, тој тврди дека таа не дошла кај него. Бабата на Маја, пак, се сомнева дека таа ја напуштила државата и заминала во Бугарија.
Извор: Канал 5
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа