ВМРО-ДПМНЕ: Заев почна да го надминува Бранко Црвенковски

 

Зоран Заев со своите ветувања почнува да го надминува Бранко Црвенковски. Постапките на Зоран Заев не само што се копија на постапките на Црвенкувски, туку и ги надминуваат. Зоран Заев има страв од избори, а неговиот страв од пораз го лекува со надуени, но празни балон предлози и лажни ветувања.

          СДСМ се повеќе забегуваат од реалноста и покажуваат огромно потценување на интелигенцијата на сопствените граѓани. СДСМ заборава дека граѓаните најлесно можат да оценат кога некој ги лаже и да проценат што е реално, а што е фикција. Во еден ден паушално да истресете од ракав ветувања за реализација на проекти кои би чинеле над 3 милјарди евра значи дека или не се разбирате од основните параметри и начини на реализација на крупни капитални проекти или дека дрско и безобразно лажете со цел да извлечете политичка корист за себе.

          Сите предлози и лажни ветувања вклучително и овие денеска што Заев, Шеќеринска и СДСМ ги ветуваат, се предлози за кои тие не понудија ниту финансиска конструкција ниту начин на реализација ниту рокови на исполнување. Очигледно е дека СДСМ набрзина напишале список на работи за кои мислат дека граѓаните сакаат да ги слушнат, но не напишале како ќе го направат тоа и како ќе обезбедат толку многу средства.

          Тие само денес, како Црвенковски во минатото, ветуваат проекти кои што по првична проценка би тежеле и повеќе од 3 милјарди евра. Убаво е да имаат идеи, но трагично е тоа што знаат дека нивните идеи неможат да се реализираат, а сепак ги лажат граѓаните и им ветуваат. Така направија и со ветувањето за еден вработен од секое семејство, но за жал и со ветувањето на Црвенковски во 1994 година дека ќе го направи истиот пат кој денес Заев повторно во име на СДСМ го ветува.

          Овие исти луѓе лажеа во минатото, ќе лажат и во иднина. СДСМ очигледно не се менува.

Колку за потсетување ВМРО-ДПМНЕ има изградено и реконструирано многу повеќе патишта низ Македонија од СДСМ. Тие ниту можат да се споредуваат со нас ниту имаат кредибилитет да зборуваат на оваа тема бидејќи додека беа на власт воопшто не посветуваа внимание на оваа тема. Во нивните мандати парите на граѓаните ги трошеа за бисери за министерките, за скапи уметнички слики, а не се потрудија да направат ниту еден проект, студија или да подготват документација за било кој крупен инфраструктурен проект.

 

          Пред еден месец СДСМ во Собранието не обвинуваше за изградбата на двата нови автопати, а сега лицемерно се расфрлаат со лажни ветувања дека и тие ќе граделе.

(Интегрален текст од писмена реакција на ВМРО-ДПМНЕ)

23.11.2013 - 15:46

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега