Поради девојка заврши на скопскиот Ургентен - младо момче се бори за својот живот

 

Инцидентот во кој двајцата тинејџери од Куманово беа избодени со нож, настанал поради кавга за девојка. Едното од момчињата сеуште е во животна опасност, информираат од МВР.

Според информациите од МВР, крвавата пресметка настанала на улицата „Моша Пијаде“ во Куманово, кога кумановчаните M.M (18) и Р.М.(15),по кратка вербална расправија поради девојка го нападнале Х.П.(17) со остар предмет и му нанеле повеке убодни рани во градниот кош и вратот. Другарот на Х.П., С.А.  заработил убоди на грбот и главата.

Х.П. сеуште се бори за живот на скопскиот Ургентен, додека С.А. се наоѓа вон животна опасност во кумановската Општа болница.

М.М. и Р.М. заработија кривични пријави за убиство во обид.

 

23.11.2013 - 13:33

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега