Во февруари повисоки продажните цени на производителите на индустриските производи
Продажните цени на производителите на индустриски производи во февруари се повисоки за 0,8 проценти на месечно ниво и за 15,7 проценти на годишно ниво.
Според објавените податоци на Државниот завод за статистика, пораст во споредба со јануари е забележан во секторите Преработувачка индустрија за еден процент, Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација се пониски за 0,8 проценти и Рударство и вадење на камен за 0,1 процент.
Во споредба со февруари лани, во секторот Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација се бележи пораст за 44 проценти, во Рударство и вадење на камен за 17,6 проценти, а во Преработувачката индустрија за 13,8 проценти.
Продажните цени на производителите на индустриски производи на странските пазари на месечно ниво се повисоки за 0,4 проценти, а на годишно ниво за 14,2 проценти
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа