Фатмаѓул и Мустафа се двојка и во реалниот живот?!
Турските медиуми без престан пишуваат за тројцата главни актери од серијата "Судбината на Фатмаѓул" која се стекна со голема популарност и гледаност и во Македонија. Како што пренесува вистина.мк, Фатмаѓул или актерката Берен Сат и Мустафа или Фират Челик се двојка и во реалниот живот.
Актерската двојка заедно била на концертот на Џемириквај каде за прв пат биле и фотографирани како разменуваат нежности. Сепак, убавата актерка која е на врвот на својата кариера негира дека е во врска со колегата.
Според пишувањето на дневниот весник Ал Бајаба од Јордан улогата на Фатмаѓул е прогласена за жена од соништата во арапскиот свет.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа