По натпреварот, се огласи и Милевски: Оваа победа е најголемиот роденденски подарок

 

Благоја Милевски вечерва приреди чудо со своите момци и ја победи Италија во Палермо со 0:1 со голот на Александар Трајковски во 93. Минута.

 

„Македонија е мала држава, но со големо срце и силен менталитет. Овие момци тоа најдобро го покажаа вечерва. Што можам да кажам после една ваква победа – задоволство е да се работи со вакви момци. Голема благодарност до сите. Благодарам и на роденденските честитки, а оваа победа е најголемиот роденденски подарок. Ме радува што Трајковски кој е тука како дома го постигна победничкиот гол“, изјави Милевски.

24.03.2022 - 23:45

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега