Во февруари: Годишен раст од 6,1% на вкупните депозити
Вкупните депозити во февруари, на годишна основа, се зголемени за 6,1%, како резултат на растот на депозитите кај двата сектора, со поголем придонес на секторот домаќинства.
На годишна основа, вкупните кредити се зголемени за 8,9%, како резултат на зголеменото кредитирање на двата сектора, коешто е поизразено кај корпоративниот сектор.
Во февруари 2022 година, паричната маса (монетарниот агрегат М3 1,2 ) бележи пад од 0,5% на месечна основа, пред сѐ како резултат на намалувањето на депозитните пари3 , при остварен пад и на долгорочните депозити до две години, во услови на раст на краткорочните депозити. Годишниот раст изнесува 6,8% и во поголем дел е резултат на зголемените краткорочни депозити, а во помал дел и на депозитните пари, при забележан пад на долгорочните депозити до две години. Готовите пари во оптек се речиси непроменети на месечна и на годишна основа.
Вкупните кредити7 , во февруари, остварија месечен и годишен раст од 0,9% и 8,9%, соодветно, како резултат на зголеменото кредитирање на двата сектора, коешто е поизразено кај корпоративниот сектор.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа