Доаѓа вистинската зима во Македонија - од вторник заладување и снег

 

Од наредната недела не очекува вистински студен бран, но и враќање во нормала кога е во прашање повеќегодишниот просек на температурата во овој период од годината пренесува meteopro.mk. 

Покрај ниските температури кои ќе стигнат на Балканскиот полуостров, не очекуваат и врнежи од снег. 

Температурата нагло ќе опадне под нулата во вторник. На некои повисоки места се очекува пад на температурите до -3 степени, додека на котлините и местата од југоисточниот дел од земјата, се очекува температурите да достигнат од 2 до 5 степени целзиусови. 

Максималната температура во вторник нема да надмине 12°С, со тоа што низ најголем дел од земјата истиот ќе биде помеѓу 7°С и 10°С.

-Постои веројатност дека местата низ земјава на надморска височина над 400 метри ќе видат слаби снежни врнежи во вторник и среда. Но, сепак како што напоменавме претходно, рано е да се даде еднозначна прогноза за тоа дали ќе имаме врнежи од снег, пишува Метеопро.

21.11.2013 - 14:15

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега