Од полноќ нови цени на горивата

 

РКЕ и вечерва ќе донесе одлука за нови цени на горивата кои ќе важат од полноќ. Дали ќе има нивно поскапување или поевтинување, останува да видиме во текот на денот.

Со вчерашната, последна одлука на РКЕ, малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98, се намалија за 2,00 денари/литар, и со тоа малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 79,50 ден/лит, додека малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-98 изнесува 81,50 ден/лит.

Малопродажните цени на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1), се намалија за 3,00 денари/литар,  и со тоа малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) изнесува 76,00 ден/лит, додека малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) изнесува 72,50 ден/лит.

Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС се намали за 2,228 денар/килограм, и со тоа малопродажната цена на Мазутот М-1 НС изнесува 54,521 ден/кг.

Регуларторна вечерва повторно има состанок, по кој дополнително ќе информираме за новите цени на горивата кои ќе важат од вечерва од полноќ.

18.03.2022 - 13:02

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега