Шефот на кабинетот на Вељаноски ќе се брани од слобода

 

Марјан Маџовски е пуштен од притвор и ќе се брани од слобода, дознава Плусинфо. Шефот на кабинетот на спикерот Трајко Вељаноски, кој беше обвинет за злосторничко здружување и уцена во акцијата „Шпион“, ќе се брани од слобода, пишува порталот повикувајќи се на избори од канцеларијата на Основниот суд Скопје 1.

 - Истражниот судија го укина притворот за Марјан Маџовски по претходно добиено позитивно мислење од Јавното обвинителство. За укинување на мерката притвор понудена е гаранција во недвижен имот, изјавиле од канцеларијата за односи со јавноста на ОСС1, за Плусинфо.

Според информациите на порталот, во вторникот од притвор бил пуштен и Зоран Костадиновски, вработен во Управата за безбедност и контраразузнавање, кој во случајот „Шпион“ е обвинет за злосторничко здружување. На Костадиновски истражниот судија му одредил мерка куќен притвор, поради „исклучително лошата здравствена состојба“.

Во септември оваа година, МВР осомничи 20 лица дека шпионирале, издавале државни тајни и уценувале. Во „Шпион“ беа опфатени разузнавачи, контраразузнавачи, воени разознавачи, новинарот Зоран Божиновски, поранешни и актуелни вработени во Армијата, УБК, Агенцијата за разузнавање, Државниот архив. МВР ги товари за  злосторничко здружувањњ и издавање државни тајни.

 

21.11.2013 - 13:40

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега