Од утре нула проценти ддв за основните прозиводи за исхрана
Сите маркети кои продаваат леб, брашно тип -400, млеко со масленост од 2%, 3,2% и 3,5 % масленост, бел шеќер, сончогледово масло, месо и други кланични производи за јадење, бел ориз и јајца ќе мора најдоцна до утре 17 март 2022 година да ги прилагодат фискалните апарати.
Ова значи дека сите продажни објекти кои ги продаваат погореспоменатите производи при малопродажба, потребно е да издаваат фискална сметка со даночна стапка од 0%, односно со ознака „Г“ за добра и услуги кои се ослободени од данокот на додадена вредност.
Законската обврска произлегува од Законот за изменување и дополнување на Законот за додадена вредност со кои се пропишува ослободување од оданочување со ДДВ за основните производи за исхрана. Апелираме до сите навремено да ги прилагодат фискалните апарати.
Оваа одлука ќе се спроведува од утре 17 март и ќе трае до 31 мај 2022 година.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа