РКЕ со нова одлука: Од полноќ нови цени на горивата
Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги (РКЕ) денеска ќе носи одлука за цените на нафтените деривати што ќе важат од полноќ. Од РКЕ информираат дека се исполнети предусловите за носење нова одлука за цената на горивата што ќе биде во сила од полноќ, јавува Сител.
Со последните измени на Правилникот за одредување на малопродажните цени на нафтените деривати РКЕ може секој ден да носи одлуки за промена на цените на нафтените деривати доколку пресметката за цената на било кој нафтен дериват оди нагоре или надоле за два денара. За пресметката РКЕ го зема просекот од претходните петдневни котации на берзата и воопшто не влијае цената на суровата брент нафта на светскиот пазар.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа