Во 2008 барел нафта чинел 140 долари - литар бензин се продавал за 14 денари поевтино

 

 

Највисоката цена на нафтата во последните 20 години е регистрирана на 2 јуни во 2008 година кога барел нафта чинеше речи си 140 долари. На 6 јуни истата година нашата Регулаторна комисија за енергетика изврши корекција на малопродажните цени по што цената на тогаш МБ96 ја постави на 78,5 денари за литар а на ЕУРОСУПЕР-98 на 75,5 денари за литар а ЕУРОСУПЕР –95 за 73,5 денари по литар. На оваа рекордна цена на суровата нафта на светските берзи тогашниот состав на РКЕ одлучил дизелот да се точи по 74,5 денари за литар.
Вчера барел нафта на светските берзи беше 130 долари. Во моментов литар БС98 чини 91.5 денари, БС95 се продава по 89,5 денари а дизелот има рекордна цена од 85.5 денари за литар.

Година

2008

2022

Барел нафта на светските берзи

140 долари

130 долари

БС 95

75,5 ден

89,5 ден

БС 98

76,5 ден

91,5 ден

ЕУРОДИЗЕЛ

74,5 ден

85,5 ден

Клучната разлика во двата периоди е курсот на доларот. Во 2008 доларот бил многу послаб во однос на денарот, односно еден долар чинел 39,4 денари а денеска, еден долар е 54,5 денари

 

08.03.2022 - 10:52

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега