Студенти од екс-ју државите ќе се борат против трговијата со луѓе
Петтата Екс Ју конференција „Борба против трговија со луѓе - Стоп за модерното ропство“ ќе биде отворена попладне во Македонската академија на науките и уметностите. Конференцијата е организирана од Европското здружение на студенти по право - ЕЛСА Република Македонија и ќе трае од денеска до 24 ноември со учество на студенти по право од државите на поранешна Југославија.
- Овој фатален проблем, наречен уште и „модерно ропство“, најчесто се случува за експлоатирање на жртвите за проституција, други форми на сексуална експлоатација, порнографија, принудна работа и слугување, ропство, присилни бракови, принудна фертилизација, незаконито посвојување, нелегално транплантирање делови од човечкото тело, принудно вршење криминални активности... Целта на оваа конференција е преку дебата да се подигне нивото на јавната свест кај луѓето во однос на оваа тема, соопшти ЕЛСА.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа