Бесими: Ескалацијата меѓу Русија и Украина може да има последици врз цените на енергијата
Министерот за финансии Фатмир Бесими во текот на вчерашната посета на Европската комисија разговараше за економската состојба во Северна Македонија и глобалната економска криза, за која придонесува руско-украинскиот конфликт, јави дописничката на МИА од Брисел. Енергетската криза, која силно ја погоди Европа и последните месеци не ја одмина ни Северна Македонија, беше една од клучните теми на средбите на министерот за финансии Фатмир Бесими во Брисел со еврокомесарите за економија Паоло Џентилони, за проширување, Оливер Вархеји и за буџетот на ЕУ, Јоханес Хан.
Во изјава за МИА, Бесими објасни дека на своите соговорници им ги презентирал мерките на Владата за ублажување на енергетската криза во земјава, посочувајќи дека се издвоени околу 5,2 милијарди кон крајот на 2021 година и исто толку и во текот на 2022 година за ЕСМ.
– Потоа имаме намалено ДДВ за домаќинствата минатата година од 18 на 5 отсто до јули, потоа станува 10 проценти, па наредната година ќе се врати на 18 отсто. И тоа сѐ има фискални импликации. Потоа програмата за поддршка на социјално загрозените домаќинства по 1000 денари месечно, околу 35 илјади домаќинства. И програмата за енергетска сиромаштија донесени од страна на Владата за време на енергетската криза. Како и дополнителниот трошок што го прави енергетската криза во приватниот сектор поради високите цени, рече Бесими.
Тој понатаму истакна дека се зема предвид и геополитичката неизвесност.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа