Попоски: Македонците во Канада се наши најголеми амбасадори
Министерот за надворешни работи, Никола Попоски, синоќа имаше обраќање на приемот организиран од Црковно-народната заедница и организацијата Обединети Македонци од Канада во Соборниот храм Св. Климент Охридски во Торонто.
- Се чувствувам добредојден како да сум дома. Одржувањето на македонската традиција, култура и јазик не спојува каде и да сме, рече министерот Попоски.
Шефот на македонската дипломатија ја истакна заложбата на Република Македонија да негува врска со Македонците од целиот свет: - Македонците во Канада уживаат впечаток на чесни, искрени и трудољубиви граѓани на Канада. Вие сте нашите први и најголеми амбасадори. Вие го оставате првиот впечаток за Македонија, вашиот успех е и успех на вашиот народ и држава. Македонија е горда на својата дијаспора, истакна министерот Попоски.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа