Јанкулоска: ДИК е надлежен за избирачкиот список
Министерката за внатрешни работи Гордана Јанкулоска денеска на проверката на моторичките способности на кандидатите за полицајци, изјави дека законот јасно прецизира која е наделжната институција за избирачкиот список, а тоа е Државната изборна комисија и затоа сите прашања треба да се упатат на таа адреса.
- МВР ниту може, ниту сака да влијае врз содржината на Ибирачкиот список. Нашите евиденции може да бидат искористени само како индикатор доколку ДИК смета дека може да и помогнат во финализирање на еден избирачки список, изјави Јанкулоска денеска по посетата на новите кандидати кои се тестираат за проверка на моторички способности, како дел од тестирањата за прием на нови полициски службеници.
Јанкулоска му порача на новиот претседател и на целиот состав на ДИК дека сите информации со кои располага МВР ќе ги добијат веднаш кога ќе ги побараат исто како и досега и дека МВР секогаш ќе им стои на располагање.
- Одговорноста за нивните зкаонски надлежнсоти ниту досега сме ја превземале, ниту имаме намера да ја преземаме. Тие се одговорни за Избирачкиот список и треба на сериозен начин да пристапат кон негово финализирање односно констатација за во каква состојба е, онака како што тоа го направи претходниот претседател кога во пресрет на последните локалните избори констатираше дека избирачкиот список е во ред и одговара на фактичката состојба на терен и го потпиша, појасни министерката Гордана Јанкулоска.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа